Десет семејства од Војшанци ќе добијат обесштетување поради поплавите
Жителите на неготинското село Војшанци кои претрпеа штети од поплавите ќе добијат обештетување. Откако стручна комисија од локалната самоуправа заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов го изготви конечниот извештај и истиот ќе биде доставен до надлежните државни органи. Од општината очекуваат одобрување помош, а свој придонес при санирањето на штетите ќе даде и локалната самоуправа.
Над 260 домаќинства погодени од поплавени во Македонија, меѓу кои и на семејства од општина Неготино, започнаа да им се исплаќаат средствата за санирање на штетите.
Во зависност од претрпените штети помошта ќе се движи од 14.000 до 110.000 денари, а потребните средства од над 10 милиони денари се дел од средствата собрани од хуманитарните акции што со донации на трите телефонски броја легнаа на солидарната сметка на Црвениот крст на РМ.
Од неготинско Војшанци финансии за санирање на штетите од поплавите ќе добијат и 10 семејства. Локалната самоуправа Неготино покрај што интервенираше за расчистување на улиците во селото и санирање на основните штети деновиве им донираше и 100 пакети со минерална вода на населението./А.Д