Водата во Војшанци, Пепелиште и Курија сега се хлорира
Поради присуство на патогени бактерии водата во неготинските села Војшанци, Пепелиште и Курија подолго не беше за употреба. Од тие причини општината постави хлораторни станици и сега жителите на овие села добија хлорирана и квалитетна вода за пиење.
„Проектот за хлораторни станици се реализира преку Бирото за регионален развој и изнесува 400 илјади денари. Општината учествуваше со 200 денари“ рече градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.
Општината и понатаму работи и на решавање на водоснабдувањето во Неготино. Се реализираат паралелно неколку проекти кои треба да стават крај на рестрикциите на водата за пиење кои ги имаше континуирано во овој град. Со средства од Светска Банка ќе се реконструира водоводната мрежа во градот. Поради дотрајаност на цевките ЈП Комуналец се соочува со чести дефекти кои предизвикуваат големи загуби на водата./A.Д