Нема повеќе паушално плаќање на вода во Неготино
Објавено: 26 ноември, 2015, во 12:43 часот
Граѓаните на Неготино кои досега немаа водомери или имаа неисправни ќе добијат нови.Нема повеќе да плаќаат паушални износи за потрошена вода. Екипи на ЈП Комуналец се на терен и ја вршат замената на водомери.
Oвој процес се спроведува како една од низата мерки за нормализирање на водоснабдувањето во градот и намалување на загубите на вода.
Според евиденцијата на комуналното претпријатие на територијата на општина Неготино се регистрирани вкупно 4183 водомери од кои 3399 се во Неготино, а останатите се во населените места Тимјаник, Криволак, Пепелиште и Дуброво.
Според проценките на стручните служби ќе бидат поставени 797 нови водомери од кои 477 во градот, останатите во населените места. Процесот за замена на водомерите е планирано да заврши до крајот на февруари следната година./А.Д


