Општина Неготино го одбележа денот на градот, доделени највисоката општинска награда и признанија за 2020 година

Објавено на 8 ноември, 2020 во 15:13

NAGRADATA 8SeptemvrinaNegotino

8.11.2020

Д-р. Силвана Филипова, Професор Ѓорѓина Димова, Димитар Аврамов ,Илија Апостоловски и ЗГ „Еко вита“ се годинешните добитници на награди и признанија за лица или граѓанско здружение кои дале општествен придонес за градот Неготино.

Ним наградите и признанијата им ги врачи Градоначалникот на Општина Неготино, Тони Делков.

На свеченоста Градоначалникот во обраќањето освен што ги соопшти постигнатите резултати на општината исто така ги истакна и најзначајните постигнати резултати на годинешните добитници на највисоките признанија што ги доделува градот.

Д-р Силвана Филипова ја доби најголемата општинска награда од областа на медицината. Таа е насловен доцент по предметот Логопедија н Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 2019 година е директор на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје. Сама или во соработка со колеги, во изминатиот период има објавено 46 трудови од областа на дефектологијата. Исто така, има издадено 3 печатени книги. Од нив, таа е автор на два, и тоа, на учебникот „Вовед во логопедија“ и на книгата „Фонолошки и артикулациски нарушувања“, додека како коавтор учествува во изработка на учебникот „Логопедија“, рече градоначаникот Делков.

Negotino Dobitnicina8noemvriskinagradinabina fin

Професор Ѓорѓина Димова доби признание од областа на образованието и ИТ секторот.Таа е наставничка во ООУ„Страшо Пинџур“ во Неготино и има исклучителни постигнувања во информатичката сфера на образованието. Добитник е на десеттина награди и признанија од одржани престижни натпреварувања во земјава и во странство, подготвува и реализира бројни проекти со кои врши промоција на училиштето во кое работи,општината и државата, а нејзините проекти се промовирани во многу списанија, весници и портали. Од 1998 година до денес има реализирано близу 15 обуки од разниобласти, редовен учесник е во проекти и посетува обуки, работилници и семинари, а Димова учествува и дава несебичен придонес на голем број меѓународни конференции. Има објавено четири сопствени трудови, реализирани повеќе обуки во кои таа се јавува како обучувач, редовен учесник е на државни натпревари каде секогаш има забележителни постигнувања, а ученици од училиштето под менторство на Димова имаат освоено преку 20 награди, признанија и дипломи на регионални и државни натпреварувања во исклучително силна конкуренција. Со својот иновативен пристап, секогаш успева да го задржи вниманието на своите ученици, внесува новини во учењето, разменува мислења и идеи со колеги од земјава и странство и дава огромен придонес за развој на информатичката сфера на образованието во општина Неготино.

Проактивноста на наставничката Ѓорѓина отиде дотаму што во овие услови на пандемија на едно онлајн предавање со своите ученици таа го вклучи и Бил Гејтс, основачот на сопственик на Мајкрософт.

Димитар Аврамов е млад хуманитарец. Тој го доби признанието од областа на хуманитарната дејност. Негово дело е хуманитарниот маратон „Неготино се буди“, кога преку одржување на серија од повеќе хуманитарни настани, манифестацијата годинава се одржа по шести пат. Илија Апостоловски доби признание од областа на спортот. Според одлуката за доделување на награди и признанија, тој е еден од најталентираните и најдобрите млади фудбалски голмани во нашата држава во категоријата во која се натпреварува. Неколку пати е прогласуван за најдобар голман на меѓународни турнири.

Здружението на граѓани „Ековита “-Неготино доби признание за развој на граѓанскиот сектор. Членовитена „Ековита“ во изминатиот едногодишен период реализираа бројни активности со кои дадоа активен придонес за развој на граѓанскиот сектор во општина Неготино. Активистите на Здружението редовно учествуваат на меѓународни саеми од повеќе области и постигнаа завидни резултати на полето на подигнување на квалитетот на живот на своите сограѓани, Неготинци.

Иако првично манифестацијата во услови на Ковид-19 беше најавена да се одржи во големата сала на Општина Неготино сепак синоќа локалната власт ја промени одлуката и со обезбедување на протоколите за реализацијата на настанот ја обезбеди големата сала во Центар за култура „ Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

Мите Јаначков

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.