Општина Неготино ги повикува граѓаните да дадат своја предлог – идеjа за унапредување и развој на градот
13.11.2020
Во овие услови на пандемија, Општина Неготино се одлучи да ги повика и стимулира своите граѓани по електронски пат да предложат свои идеи, а со цел унапредување и развој на градот. Граѓаните својата предлог – идеја до локалните власти може да ја проследат со пополнување на електронски формулар или со образложување на идејата на официјалниот емаил на Општината: [email protected] .
Од Општина Неготино додаваат дека на овој начин граѓаните може да истакнат и проблем со кој секојдневно се соочуваат, а е во надлежност на локалната самоуправа. Краен рок за поднесување на предлог – идеите е 16.11.2020 год. (понеделник). Реализацијата на избраните идеи е предвидена за во текот на 2021 година.
Повикот на Општина Неготино интегрално го пренесуваме во целост:
„Ги известуваме граѓаните и НВО секторот, дека во тек се подготовки на предлог – програмите за работа на општина Неготино за 2021 година. Поради пандемијата од Корона вирусот во земјава ,а со цел за зачувување на јавното и колективно здравје на граѓаните, оваа година , Општина Неготино нема да организира јавни средби со граѓаните, претставници на месните заедници и НВО секторот пред донесувањето на Буџетот на општината. Затоа, Ве повикуваме сите заинтересирани да дадете свој предлог, идеја или препорака за реализација кои сметате дека се приоритет во вашето место на живеење за истиот да се реализира во тековната 2021 година. Вашите идеи, препораки и предлози може да ги доставите по електронски пат со пополнување на анкетниот прашалник на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfZgJoHPZEYfZVuGjWCfbGgIiFFLB4CE2Hu-PJOAHd4JRDZ-A/viewform?fbclid=IwAR1fo3cAvgSb0RwhuZ5zjH6r4yi0-1POLvEAjfcIXiux23XD51Ho24k9Mvk или на емаил: [email protected] најдоцна до 16.11.2020 (понеделник) година и да дадете свој придонес во донесуваањето на одлуките на локално ниво. Предлог – програмите за работа на општина Неготино за 2021 година ќе бидат дадени за усвојување на Советот на Општина Неготино.“- соопштуваат од Општината
Мите Јаначков