Нови 34 позитивни на Ковид – 19 во Тиквешијата
Објавено на 13 ноември, 2020 во 13:15
13.11.2020
Трендот на раст на позитивни на Ковид -19 во Тиквешијата продолжува. Денеска до 13:30 часот се регистрирани 34 новозаразени. Ова не се конечните дневни резултати, бидејќи истите сеуште се обработуваат.
Во Кавадарци има 13 нови случаи, 14 во Неготино, 4 во Росоман и 3 во Демир Капија.
“Позитивни на вирусот се и две негователки од две групи во кавадаречка градинка. Поради тоа во изолација се ставени 28 деца и 3 негователки” информираше епидемиолог д-р Ристе Јовановски, од Центарот за јавно здравје – Кавадарци.
Мите Јаначков