Тројца починати, 42 нови случаи со Ковид -19 во Тиквешијата
Објавено на 15 ноември, 2020 во 12:30
15.11.2020
Во изминатите 24 часа на ковид одделот во кавадаречката болница, битката со пандемијата ја изгубиле дури три лица. Двајца пациенти од Кавадарци на возраст од 67 и 78 години и еден од Неготино на 74 годишна возраст. Сите имале сериозни коморбидитети- информираат од болницата.
Вкупно 42 нови позитивни на корона вирус до 12.30 часот денеска, се дијагностицирани во изминатото деноноќие во тиквешкиот регион, информираа од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Позитивните се на возраст од 18 до 79 години.
„Во Кавадарци има 19 нови случаи, 15 во Неготино, 5 во Росоман и 3 во Демир Капија“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
Во моментов на ковид одделот има слободни 20 болнички кревети.
Мите Јаначков