Алармантни бројки: 50 новозаразени со Ковид – 19 во Тиквешијата
18.11.2020
Повторно расте бројот на позитивни случаи на корона вирус во Тиквешијата. Денеска Центарот за јавно здравје бележи 50 нови случаи во Тиквешијата до 13.45 часот.
Во Кавадарци има 29 нови случаи, во Неготино 20 и еден во Демир Капија. Позитивните се на возраст од 6 до 79 години.
„Позитивна е воспитувачка од детска градинка во Кавадарци. Во изолација се 13 деца и 3 негователки. Исто така во Кавадарци има позитивен и ученик од основно училиште. Поради тоа во изолација се 12 ученици и 3 наставници“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
Според податоците од министерството за здравство, во Кавадарци заклучно со вчера активни се 403 случаи, а од почетокот на пандеимијата дијагностицирани се вкупно 910 позитивни. Вчера беа евидентирани 15 оздравени пациенти. Во Неготино има вкупно 377 позитивни, а во моментов активни 246 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија.
Заклучно со вчера на ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 40 пациенти. Сите биле во стабилна состојба, информираат од болницата.
Мите Јаначков