Се одржа петтиот инфо ден во рамки на проектот „ ЕНПОЛ – ЕЕ “ во Неготино

Објавено на 18 ноември, 2020 во 16:28

Negotino

18.11.2020

Денес во Општина Неготино, односно во Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ се одржа петтиот, а воедно и последен информативен ден на тема „ Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години “.

Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина“  со акроним „ ENPOL – EE “, а се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, СОУ„ Св.Кирил и Методиј “ Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .

Имено, пред почетокот на инфо денот беа доделени 600 зимзелени садници на сите кои земаа учество на отворениот повик „ Награди за најдобри енергетски практики “ кој беше објавен на официјалниот веб сајт на општина Неготино, но и останати граѓани од општината кои земаа учество на настанот.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.