Огромна Ковид -19 цифра повторно: 50 новозаразени во Тиквешкиот регион
20.11.2020
Продолжува растечкиот тренд на ширење на корона вирусот во Тиквешијата. Во центарот за јавно здравје Кавадарци во изминатите 24 часа, заклучно до 13.45 часот се дијагностицирани 50 нови случаи. Ова не е конечниот дневен биланс, затоа што резултати од земени бриисеви сеуште се обработуваат, информираат од Центарот за јавно здравје – Кавадарци.
– Кавадарци 31 случај на возраст од 2 до 78 години
– Росоман 3 случаи на возраст од 29 до 52 години
– Неготино 14 случаи на возраст од 18 до 63 години
– Демир Капија 2 случаи на 35 и 37 години.
„Во денешните позитивни имаме и двајца здравствени работници. Позитивни се двајца ученици, еден од Кавадарци, поради што во изолација се 20 ученици и 2 наставници и еден од Росоман, а во изолација се 22 ученици и 1 наставник. Имаме позитивна и негователка во кавадаречка градинка. Во изолација се ставени 8 деца и 1 негователка. Регистрирано е позитивно дете на корона вирус во градинката во Росоман, поради што во изолација се 11 деца, 2 негователки и една воспитувачка“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
На ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 39 пациенти со средно-тешка клиничка слика. Истите биле во стабилна општа состојба, информираа од болницата. Слободни се 21 болнички кревет.
Според информациите од министерството за здравство, заклучно со вчера во Кавадарци има активни 412 случаи, а вкупно дијагностицирани 969 ковид позитивни. Вчера во Кавадарци се евидентираат и 21 излекуван пациент.
Мите Јаначков