Млад неготинец ја изгуби битката со Ковид – 19: Еден кавадарчанец почина, а 52 се новозаразени во Тиквешко

Објавено на 26 ноември, 2020 во 12:46

Kovid 19

26.11.2020

Младо лице на 40 години од Неготино, во изминатото деноноќие, за жал ја изгуби битката со пандемијата на скопските клиники. Тој е најмладата жртва на Ковид -19 во Неготино од почетокот на кризата.

Во изминатото деноноќие почина и 84 годишен кавадарчанец, потврдено позитивен на Ковид – 19.

Денеска во тиквешијата се дијагностицирани 52 нови позитивни случаи.

Во Кавадарци се регистрирани најмногу, односно 28 лица, во Неготино 17 лица, во Демир Капија 5 и во Росоман се регистрираат 2 лица.

Меѓу новозаразените се и тројца здравствени работници од Кавадарци.

Сите новодијагностицирани лица се на возраст од 9 до 86 години – информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски од Центарот за Јавно здравје –  Кавадарци.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.