Во Неготино решени 600 барања за легализација од вкупно 2002
Објавено: 19 октомври, 2013, во 12:12 часот
Во Неготино засега без проблеми се одвива легализацијата на бесправно изградени објекти.
Таа интензивно се спроведува и според податоците од Одделението за урбанизам поднесени се вкупно 2002 барања за легализација на дивоизградени објекти. Барањата во најголем дел се за легализација на индивидуални објекти за домување, гаражи и доградби. Досега стручните служби решиле 600 предмети.
Од општината апелираат до сите кои имаат поднесено некомплетна документација и поради тоа не може да се постапува по одредени предмети, во најкраток рок, а најдоцна до јуни 2014-та година до кога е и крајниот рок да достават геодетски елаборат, бидејќи во спротивно се губи правото на легализација.
Паралелно, во тек е и поднесувањето на барања за потврдување на помошни објекти, оранжерии и објекти за примарна обработка на земјоделски производи бесправно изградени на земјоделско земјиште. Досега до Одделението за урбанизам се пристигнати 30 предмети, а поднесувањето на барањата ќе трае до август, наредната година.


