Нема интерес за Јавен обвинител во обвинителството во Велес, еден велешанец конкурирал за избор во ОЈО Скопје
Објавено на 7 март, 2025 во 17:06

Ниту еден од четворицата дипломирани правници со завршена Академија за судии и јавни обвинители кој се од Велес не конкурирал за избор на јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Велес. Поточно еден од нив конкурирал за избор во ОЈО Скопје но неговото име не се наоѓа на списокот што Советот за јавни обвинители ги избра на денешната 20 седница. Тоа значи дека велешкото обвинителство ќе продолжи да работи со седум јавни обвинители.
Сега се чекаат резултатите од изборот што треба во понеделник да го соопшти Судски совет кој ќе избира судии за повеќе судови во државата. Меѓу нив е и Основен суд Велес. Како што дознава Дума.мк три кандидатки има заинтересирани и конкурирале за избор на судија во Основен суд Велес.
Убавка Јаневска
