Нема нови, минимален број на болнички ковид пациенти во Велес
Објавено на 11 јуни, 2021 во 15:37
Во Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани шест ковид пациенти, од нив еден е потврден позитивен и пет се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се тројца пациенти, соопшти потпаролката Д-р Елеонора Јованова.
Во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат двајца пациенти и на Интерно одделение четворица пациенти.
Стефани Манева