Ниту еден од летниковците на патеката од Отовичка страна на езеро Младост не останал целосен (фото)

Објавено на 9 јануари, 2023 во 15:52
Фото: Уништени летниковци на езеро Младост

Воопшто не е убава глетката кога се пешачи на патеката од страна на населба Отовица и се доаѓа до местата изградени за одмор. Поставената урбана опрема е во загрижувачка состојба или е целосно демолирана. Доколку за време на претсојните празници граѓаните имаа време да прошетаат и во овој дел на езерскиот брег тогаш повеќе од јасно е дека се уверија во изгледот на дрвените маси и клупи како и настрешниците. Оваа урбана опрема е повторно делумно или целосно демолирана.

Фото: Уништени летниковци на езеро Младост

Ваква состојба повеќе години се повторува на езерскиот брег на кои постојано се поставуваат нови реквизити или се репарираат местата за одмор и седење но никако да запрат вандалствата што врз нив ги прават несовесни граѓани. Вака коментираа неколкумина брачни парови коишто завчера пешачеа во овој дел на езеро Младост. Според нив, за да се сочува се што е ново изградено и веќе поставено а платено со народни пари, најверојатно потребно е физичко обезбедување. Дел од овие граѓани исто така, констатираа дека езерскиот брег мора да се осветли од страна на Отовица како што тоа е направено и на спротивната страна.

Фото: Уништени летниковци на езеро Младост
Фото: Поставени мотивирачки пораки на езеро Младост

За жал до сега не дадоа резултат поставените мотивирачки пораки на кои пушува: „Уживај – не уништувај“, „Чувај за да користиш“ и слично.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.