Нивото на река Вардар зголемено поради обилните врнежи

Објавено на 17 мај, 2023 во 13:31

Во однос за просекот за мај, обилните дождови го зголемија нивото на река Вардар кај Велес, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи. Исто така, нивото на реката е зголемено и кај Јегуновце и кај Железнички мост Скопје.

-Зголемувања на водостоите се измерени и на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња ка кај Катлановска бања, Брегалница кај Штип и на реката Струмица кај Сушево. Пониско ниво од просекот за мај има реката Црни Дрим кај Ложани, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово, додадоа од УХМР.

Мерењата на УХМР покажуваат дека водостојот на Дојранското Езеро, Преспанското и на Охридското Езеро е во рамки на просекот за мај.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.