Низ Велес ќе се постават дигитални паноа за рекламирање и информирање на граѓаните
Објавено на 27 февруари, 2024 во 11:30
На дваесет и седум локации низ главните улици во Велес ќе бидат поставени дигитално паметни паноа за рекламирање и информирање на граѓаните, соопштија од локалната самоуправа. Седум од паноата ќе бидат поставени на земја а останатите 20 на канделабри.
-Ги следиме светските трендови. Модернизирањето на градот продолжува во сите аспекти а токму деталите се оние кои го прават впечатокот комплетен. За таа цел во наредниот период низ главните улици на градот ќе бидат поставени овие дигитално паметни паноа за информирање и рекламирање, пишува Марко Колев Градоначалникот на Општина Велес.
Одлуката беше донесена од советниците на последната седница на Советот на Општина Велес.
Стефани Манева