Од вкупно 750 до денеска на систематски преглед дошле 71 идни првачиња
Вкупно 71 прваче до денеска ја исполни обврската да се појави на редовниот систематски преглед во Здравен Дом Велес. Родителите од 26 март, годинава, започнаа да ги ги носат на преглед дечињата во Службата за систематски прегледи на предшколски деца во јавната кздравствена установа поради обврската за запишување во прво одделение.
Редовните систематски прегледи започнуваат со задолжително проверување на крвна слика по што селдат прегледи на видот, слухот, говорот, телесното држење, ухранетоста, утврдување на постоечки деформитетит на градниот кош, болести на срце, на дишни патишта и на кила. Лекарите од оваа медицинска служба кај машките дечиња проверуваат и дали има фимоза или криптохизам.
– Работиме на тој начин што на секое прваче, на име на негов родител испраќаме покана во која што стои ден и час, кога треба да го донесат детето на систематски преглед . Со цел да се избегне групирање на родители и првачиња како и да се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 работиме на тој начин што од еден до друг преглед оставаме временски простор од 30 минути. Тоа го правиме од безбедносни причини како за родителите, децата, така и за здравствените работници. До сега здравствената состојба на дечињата е многу добра. Станува збор за мали деца, здрави, без сериозни здравствени проблеми. Но морам да соопштам дека често откриваме пореметување на видот. И тоа утврдуваме проблем далеку видостза што веднаш ги упатуваме на специјалистички прегледи за очни болести. Сепак да додадам дека тоа нес е сериозни проблеми. Веќе реков дека сите дечиња до сега се здрави и без паталошки наоди, рече д-р Пандели Божиков.
Со овој редовен систематски преглед, идните првачиња, добиваат и ревакцинација со МРП вакцина што е услов за упис воучилиште. Оваа вакцина е со висок квалитет и комплетно безбедна за секое прваче, додаде лекарот, кој во исто време упати и апел.
– Сите родители да ги носат децата на вакцина. Нема потреба од страв. Вакцината е безбедна и производителот е од Холандија. Моето долго годишно искуство покажува дека кај ниту едно дете досега не се појавила штетна реакција од МРП вакцината. Апелирам до сите родители да не наседнуваат на лаги, на дезинформации што се присутни на социјалните мрежи. За сите потребни информации ги повикувам да дојдат во нашите простории кадешто ќе им објасниме стручно за самата вакцина, додаде Пандели.
Лекарот посочи дека родители кои не се во можност да ги донесат децата на закажаниот термин имаат можат тоа да го сторат со презакажување. Во Општина Велес има вкупно 750 деца од кои 250 во населените места што ќе бидат прегледани и вакцинирани до почетокот на новата учебна година.
Идните првачиња покрај редовниот систематски преглед и вакцинација, задолжително треба да се јават и на стоматолошки преглед во ординација на Центар за јавно здравје Велес.
Стефани Манева