Одбележан Светскиот ден на Црвен Kрст и Црвена полумесечина
Низ велешките улици, денеска, можеа да се забележат голем број на граѓани коишто во својата рака држат балон со ознака на Црвен крст или држат други симболични подароци. Заслужни за тоа се волонтерите на велешки Црвен крст, којшто на забавен начин го одбележаа 8-ми мај, Светскиот ден на Црвен Крст и Црвена полумесечина.
На штанд поставен пред Народен театар „ЈХК – Џинот“, волонтерите од клубот на млади на Црвен крст, исто така, ги информираа граѓаните и за областите во коишто делува организацијата како и програмите и активностите коишто се реализираат во текот на годината.
Овој настан се одржа под мотото мотото „Се што правиме – го правиме од срце“ во организација Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес во чија подготовка и реализација учествуваа вкупно 17 волонтери.
Стефани Манева