ООУ„Блаже Конески“ : „Постапивме во согласност со Законот и ги превзедовме сите должни обврски за немилиот инцидент којшто се случи вчера во училиштето“
Општинското основно училиште „Блаже Конески“ во Велес до Дума.мк испрати официјален став за вчерашната случка во училишната зграда, како што пишува „помеѓу двајца ученици од предметна настава“. Ставот на училиштето го пренесуваме во целост:
„Почитувани, ООУ „Блаже Конески“ – Велес, Ве известува дека на 20.11.2024 година пред почетокот на вториот час за време на малиот одмор се случи немил инцидент помеѓу двајца ученици од предметна настава. Од страна на предметните наставници, стручната служба и директорот веднаш е постапено со тоа што е повикана Итна медицинска помош и се известени родителите на повредениот ученик и тој во придружба со одделенскиот раководител и секретарот на училиштето е пренесен во Општата болница во Велес. Веднаш се извршени разговори за резрешување на случајот со сите ученици од одделенската заедница, индивидуално е разговарано со ученикот кој го предизвикал инцидентот и разговори со група на ученици од одделението. Известени се и повикани на разговор родителите на ученикот кој го предизвикал инцидентот и запознаени се со целиот случај и понатамошните постапки кои ќе ги преземе училиштето за случајот. Од страна на училиштето е постапено во согласност со Законот за основно образование и се известени СВР Велес и Центарот за социјални работи Велес. Во училиштето е направен увид од страна на службени лица од СВР Велес при што е објаснет целиот инцидент и дадени се индивидуални изјави од стана на неколку предметни наставници, лице од технички персонал и директорот, кои интервенирале веднаш по случувањето на инцидентот. Директорката и стручната служба ќе продолжат да постапуваат согласно Законските и подзаконските акти, процедури и насоки за постапување при вакви постапки со цел во иднина да не се повторуваат. Училиштето, како и до сега е подготвено за соработка со сите надлежни институции за надминување на вакви ситуации. Ве замолуваме да се воздржите од ширење на дезинформации по овој случај со цел да се заштитат учениците вклучени во инцидентот, нивните семејства и другите ученици од ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ВЕЛЕС одделенската заедница, а истовремено да се спречат несоодветни реакции од страна на потесната и пошироката јавност, “ пишува во официјалниот став на училиштето.
Убавка Јаневска