Општина Лозово четврта година по ред доделува стипендии за ученици и студенти

Објавено: 27 ноември, 2025, во 10:38 часот

Општина Лозово и оваа година ја потврдува својата силна посветеност кон младите преку програмата за стипендирање, која четврта година по ред обезбедува осум стипендии, поточно две стипендии за средношколци од семејства корисници на социјална заштита, две стипендии за студенти од семејства со социјални предизвици, две стипендии за талентирани средношколци со одличен успех и труд, и две стипендии за талентирани студенти и младински лидери.

Градоначалникот Бошко Цветковски соопшти дека оваа програма е повеќе од финансиска мерка бидејќи таа претставува создавање еднакви шанси, поддршка на талентот и инвестирање во иднината на заедницата.

-Младите се нашата најголема сила, најголемо богатство и највредна инвестиција. Кога вложуваме во нив, вложуваме во нашиот идентитет, во нашата заедница, во нашето утре. Секоја доделена стипендија е една рака подадена на млад човек кој се бори за подобра иднина. Секоја поддршка е чекор напред кон пофер општество. Секој успех на младите е успех на целата општина, додаде Бошковски.

Со продолжување на програмата, Лозово уште еднаш покажува дека гради општина која верува во младите, создава можности и го поддржува секој чекор кон нивниот успех.

Стефани Манева


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.