„Паднал Мој Термин“, др Чолакова Дервишова бара системот постојано да функционира а болниците и клиниките да ги примаат граѓаните и со Итни упати (видео и фото)
Матични лекари од Велес вчера и денеска претпладне не можеле да закажат прегледи на свои пациенти кај специјалисти на Интерно одделение во велешка Општа болница. И не само таму, туку матичните лекари тешко доаѓале до термини и кај останати специјалисти во јавни здравствени установи во Македонија. Тие и пренеле на претседателката д-р Лили Чолакова Дервишова за актуелниот проблем. Таа интервенирала и проблемот се решил.
Д-р Чолакова Дервишова, во разговорот за Дума.мк, соопшти дека во последните месеци се интензивирале поплаките на матичните лекари кои следејќи го Мој Термин, освен што многу често не можеле да им овозможат на своите пациенти прегледи на термин исто така воочиле дека се зголемува бројот на специјалисти кои не ги отворале термините за прегледи. Пациенти не можеле да добијат прегледи ниту со Итни упати.
Вчерашниот и проблемот од денеска претпладне директно поврзан е со технички проблем на системот Мој Термин но за останатите поплаки на матичните лекари не е во прашање технологијата констатираше д-р Чолакова Дервишова во расзговорот за Дума.мк. Претседателката на Здружение на приватни лекари,исто така, говори и за прекршување на други права на пациентите.
Од Општа болница Велес соопштија дека после денешната реакцијаа на Др Лилија Ч. Дервишова побарале решение.
-Во врска со неможноста за упатување на пациенти со итни и приоритетни упати од страна нa матичните лекари во ЈЗУ Општа болница Велес, во текот на вчерашниот ден, болницата денеска се обрати до одговорните во системот „Мој термин“, од каде добивме информација за интерен технички проблем. Истиот во текот на денешниот ден е отстранет и пациентите можат да се упатуваат во нашата установа“, соопшти д-р Билјана Босилкова портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Убавка Јаневска