Николовски од Велес: „Со гласот за Живот во Македонија, вработените во администрацијата треба да знаат дека нема да има отпуштања од работа“!
Носиме живот во Македонија затоа што во секој град, во секое село, во секое населено место што го посетивме во овај период граѓаните одлучно бараат шанса за нормален живот во својата земја, рече Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3 на прес конференцијата во младинскиот штаб во Велес.
– На 11 декември гласот на граѓаните за Живот во Македонија ќе им донесе стабилност и спокој на работните места. Вработените во администрацијата треба да знаат дека нема да има отпуштања од работа!
Институциите ќе работат во полн демократски капацитет.
Завршува времето кога администрацијата беше ставена во служба на партијата на власт, доаѓа времето кога институциите ќе бидат во служба на граѓаните.
Со гласот за Живот граѓаните ја имаат моќта да ги ослободат институциите од партиските стеги на неодговорната власт за да можат тие институции да одговорат на нивните потреби.
За да можат граѓаните брзо, навремено и ефикасно да ги завршуваат своите обврски, клучните институции ќе работат во две смени во период од 08:00 часот до 20:00 часот.
Гласот за живот на граѓаните ќе значи држава во која власта не прави притисоци врз своите граѓани и врз вработените во администрацијата.
Граѓаните треба да знаат дека на 11 декември ја избираат иднината и зад параванот одлучуваат сами.
Изборот е преживување или нова шанса за живот, рече Николовски.
Тој ги повика граѓаните заедно на 11 Декември да успеат затоа што веруваат, имаат надеж и визија за Живот во Македонија!
