Заев се сретна со бизнисмените од Кавадарци

Објавено на 7 декември, 2016 во 15:11

Лидерот на СДСМ и носител на пратеничката листа во четвртата изборна единица денеска беше на средба со бизнисмените од регионалната стопанска комора во Кавадарци. Како што рече во изјавата во медиумите, им ги презентира мерките за подобро работење на домашните комапнии содржани во планот за живот во Македонија.

„Регионот ни е посебен, порано важеше за хранител на цела бивша Југославија и затоа со бизнисмените имаме многу за што да разговараме за Планот за живот во Македонија. Ќе поразговараме за акутните проблеми со кои домашните компании се соочуваат. Намерата е државата навистина да биде партнер во поддршката на нивниот раст и развој, затоа што тие се тие што обезбедуваат плата, од нив ќе очекуваме да ги покачат и минималната и просечната плата, а од нив очекуваме да го полнат и буџетот. За сето тоа да се оствари државата треба да даде сериозна поддршка, како би биле тие поконкурентни на домашниот и странскиот пазар. Она општество за кое сакаме да зборуваме е едно поинакво општество. Општество во кое ќе нема казни и заплашувања, туку ќе најдат во владата вистински партнер кој што ќе им биде директно помош за сите детали кои што секојдневно бизнис секторот ги има во нивното работење“ рече Заев и  нагласи дека можеби како единствен политичар во земјава кој доаѓа од бизнис секторот најдобро знаел со кои проблеми се соочуваат стопанствениците.

„Знам што значи да се произведе, да се продаде, да се наплати, да се обезбеди плата, колку брзо доаѓа први во месецот,  па да се наплатат даноците. Навистина ги знам во суштина и по структура сите проблеми со кои се соочуваат бизнисмените и верувам дека ќе изнајдеме вистинско решение.. Филозофијата на економскиот раст, според мене, лежи во деловниот сектор. Кој што мора да биде социјален, општествено одговорен, кој ќе знае да прави фер распределба на профитот помеѓу капитал секторот и работникот. Убеден сум дека такво време тоа е животот кој сите го очекуваме во Македонија“ нагласи Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања првиот опозиционер не сакаше да го коментира делот од говорот на Груевски каде на некој начин неговиот политички противник како да побара ликвидација.

„Јас буквално не сакам да се замарам повеќе  со човекот. Претпоставувам дека соочен со фактот дека губи, дека заврши ова време, дека се што има почеток има и крај, се употребуваат вакви лоши зборови. Се надевам дека му се има испуштено“ рече Заев.

Запрашан дали може пред избори граѓаните да очекуваат „бомба“ за некои од најосетливите случаи за кои сака јавноста да ја дознае вистината, Заев рече дека новата влада ќе овозоможела преку независни институции тие случаи да добијат правна разврска, а со тоа на виделина да излезе и вистината.

„Македонските граѓани заслужуваат да ја дознаат вистината за сите сензитивни случаи преку еден правен процес од независни  институции далеку од рацете на политичарите. Институциите ќе го оформат предметот, ќе го докажат и ќе го пресудат, за да знаат граѓаните што се случило со смртта на Никола Младенов, со Мартин Нешковски, четирите дечиња и рибарот на Смилковското Езеро. Во периодот на новата влада  овие случаи ќе бидат истражени и докажани “ рече Заев.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.