Коалиција ВМРО за Македонија: Ќе се спроведе попис на населението веднаш по изборите

Објавено на 9 декември, 2016 во 12:39

Носителот на листата со пратеници од Коалицијата@ ВМРО за Македонија#, во третата изборна единица, генерал Стојанче Ангелов денеска прошета низ Градскиот пазар во Велес и поразговара со дел од пазарџиите и купувачите. Тој им кажа дека Коалицијата жестоко ќе се борела против како што рече, двојниот морал и лицемерието што го наметнала владејачката гарнитура. Побара граѓаните да им веруваат бидејќи тие биле вистинските патриоти кои се бореле и ќе се борат за Македонија, наспроти Никола Груевски и Илија Димовски кои според него биле најверните сојузници на УЧК, поставувајќи го командантот на УЧК за министер за одбрана и амнестирајќи ги оние кои се изживувале врз невини цивили и убиле 12 македонци.

– Кога во прашање е тој двоен морал тука е и ширењето на хомофобија од партија чие што раководтсво знаеме дека има хомосексуалци и бисексуалци. Тоа што тие се хомосексуалци и бисексуалци не е страшно, страшно е тоа што со ширењето на хомофобија токму овие луѓе прават хомосексуалците во Скопје да бидат мета на напади, да бидат физички нападнати и да бидат кршени нивните канцеларии. Нивниот двоен морал се гледа и кај семејните вредности, нас не убедуваат да имаме три деца а Илија Димовски уште не е оженет иако има 36 години. Ваквото лицемерие се гледа и кон обичните луѓе, сиромашните, додека Груевски глуми дека е скромен човек живејќи во стан сите знаеме дека се вози во мерцедес од 600 илјади евра, рече Анѓелов.

Велешанката Билјана Димова пак која е активистка на оваа коалиција се пожали дека и е скратено правото на глас, затоа што од понеделникот била избришана од избирачки список, поради како што вели одредени политички активности. Таа поднела приговор до Државната изборна комисија, но одтаму се уште не постапиле по нејзината жалба и по поминати 48 часа. Димова вели дека до ДИК се поднесени приговори и од други граѓани кои ги снемало од избирачки список.

– Пријавата беше законски поднесена, имам валидна лична карта, пријавата беше поднесена на 10 ноември за избирачко право во Лондон, бидејќи привремено и таму престојувам , таа беше одбиена и бев ставена на избирачко место 2153 овде во Велес , се до понеделникот каде што мистериозно исчезна моето име. Кога се обратив до ДИК ми кажаа дека процедурално вршат измени на списокот , но не е така бидејќи сите останати од моето потесно семејство ги има на списокот освен мене. Апелирам до ДИК да постапи по мојот приговор, да ме вметнат во избирачкиот список бидејќи јас во недела ќе одам да гласам на ова избирачко место, рече Димова.

Коалицијата @ВМРО за Македонија#  ветува либерализација и ослободување на малиот бизнис и ситените стопанственици од како што велат силните притисоци на власта. Тие се надеваат на повеќе од 15 пратеници на овие избори и велат штом ќе влезат во собранието ќе се залагале веднаш да се направи попис, македонскиот јазик задолжително да го знае секој македонски државјанин, а ќе се бореле против двојазичност на целата територија на Македонија./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.