Пет улици во Велес без вода, екипа на ЈКП „Дервен“ работи на водоводната линија
Објавено: 19 септември, 2025, во 11:09 часот
Пет улици во Велес веќе еден час се без вода поради неопходни работни активности на водовона линија.
Од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ известуваат дека улиците Киро Ќучук, ул. Гемиџиска, ул. Првомајска, ул. Мицко Козар и ул. Васил Главинов, без вода ќе бидат уште два часа, поточно три часа вкупно.
Се замолуваат граѓаните да имаат разбирање за настанатата состојба.
Дума.мк


