Почина маж од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 29 март, 2022 во 13:34

Пациентот бил на седумдесет и осум годишна возраст од Велес со ковид обострана пневмонија и коморбидитети.
Во моментов во болница хоспитализирани се девет ковид пациенти од кои четворица се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и четворица се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат пет и на Интерно Б одделение четворица. Во моментов нема ковид пациенти коишто имаат потреба од кислородна поддршка, , соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување.
Стефани Манева
