Почината пациентка од коронавирус, се намалува бројот на лежечки болни во Општа болница Велес

Објавено на 27 април, 2021 во 18:04

Почината е една пациентка на 87 годишна возраст од Свети Николе, позитивна и лекувана четири дена во Модуларната болница. Во текот на вчерашниот ден од велешка болница транспортиран е пациент на 67 години во ковид центарот на Клиника за Пулмологија  во Скопје.

ЈЗУ Општа болница Велес

Денеска во Општа болница Велес вкупно се лекуваат 76 пациенти. Од нив 63 се потврдено позитивни, еден е сомнителен  и 12 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Пациентите се лекуваат на Инфективно  35,во Модуларна болница 29, на Физикално седум и на Интерно одделение пет пациенти.

Од нив на кислородна поддршка се 36 пациенти.

Денеска испишани се седум пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.