Починати две жени од Ковид-19 во велешка болница

Објавено на 8 декември, 2021 во 11:50

Почината е жена на седумдесет и две годишна возраст од Велес со ковид пневмониа и жена на шеесет и осум годишна возраст од Аџибегово, Св. Николе, со ковид пневмониа, хипертензија, диабет и кардиомиопатиа.

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 28 ковид пациенти од кои 18 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се тројца нови пациенти.

-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 23 и на Интерно Б одделение се лекуваат пет пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се 14 ковид пациенти.

Од болничко лекување испишани се тројца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License