Полицијата лиши од слобода Велешанец по пријава на вработена во здравствена установа во Велес

Објавено на 28 октомври, 2025 во 12:36

Настанот по кој што постапиле полициските службеници се случил вчера, во 15:30 часот, во здравствена установа во Велес.

„Полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка  дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал ѝ се заканил со остар предмет како и дека со средство за чистење ја испрскал во очите. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.