Полицијата одзеде оружје и муниција од жител на Горно Јаболчиште
Објавено на 24 октомври, 2023 во 14:00

Отсек за недозволена трговија со оружје на СВР Велес, вчера, по наредба на Основен суд Велес, извршил претрес во домот на С.Ј.(38) од село Горно Јаболчиште,велешко. При претресот од лицето М.Ј. (79) биле одземени пиштол со 15 куршуми и две пушки.
„По документирање на случајот ќе биде понесена соодветна пријава,“ рече Биљана Ѓакова портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска
