Полицијата осомничи кавадарчанец за грабнување, противправно лишување од слобода и лихварство на сограѓанин
Објавено на 17 декември, 2021 во 15:41
Кавадарчанец на свој сограѓанин му позајмил пари а потоа му барал лихва вредна девет и пол пати повеќе. Педесет и три годишниот О.Р на кавадарчанецот Г.М претходно му позајмил 6.500 евра а пред 17 дена му барал да му врати износ од 50.000 евра. Лихварот го грабнал, противправно го лишил од слобода и си ги барал парите назад .
ОВР Кавадарци денеска до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава по три члена од Кривичниот законик против О.Р со кои го товари за три сторени крвични дела. Кривичните дела се грабнување, противправно лишување од слобода и лихварство.
Стефани Манева