Полицијата откри и лиши од слобода Кавадарчанка додека вршела кражба

Објавено на 10 октомври, 2023 во 12:44
Фото: Архива на Дума.мк

Полициски службеници на ОВР Кавадарци, вчера доцна попладне,околу 18:50 часот во атар на село Возарци, кавадаречко, ја лишиле од слобода Ј.Т.(60) од Кавадарци.

На место викано „Шамаците“ таа била затекната при извршување на кражба на имот на правно лице од Кавадарци.

Одземените предмети се пронајдени и вратени се на сопственикот. Кавадарчанката Ј.Т. била заржана во Полициска станица Кавадарци.

„По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.