Полицијата откри и лиши од слобода криумчар на мигранти кај Неготино

Објавено на 9 август, 2023 во 12:54

На регионалниот пат Демир Капија – Неготино, пред влез во Неготино, вчера вечер, околу 20:00 часот, полициски службеници на ОВР Неготино го лишиле од слобода О.Р. (20) од село Студеничани, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

„Имено, околу 15:15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија – Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ забележале патничко возило марка „волво“ со регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Во близина на возилото биле пронајдени 10 лица, мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и полициски службеници од ОВР Неготино возачот бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија,“ соопштија од СВР Велес.

Исто така полицијата додаде дека против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.