Полицијата санкционира но пијани граѓани продолжуваат да возат автомобили и да нарушуваат јавен ред и мир
Објавено: 6 јуни, 2026, во 11:50 часот
Во еден ден полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес лишиле од слобода двајца велешани кои биле под дејство на алкохол.
Рано утринава, во 03:00 часот, Д.Ј.(49) од Велес, при сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, бил запрен додека го управувал патничкото возило „хонда“ со велешки регистарски ознаки, со 1,88 промили алкохол во крвта.
-Д.Ј е лишен од слобода и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Вчера попладне, во 16:15 часот, во Полициска станица во Велес бил приведен Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување притоа не почитувајќи ги наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
-По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Д.И


