Полициски службеници привеле шест мигранти во Велес и Градско
Објавено на 4 март, 2024 во 14:29

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 19:30 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, пронашле пет мигранти од Сирија. Исто така, едно лице мигрант од Авганистан било пронајдено и на Железничката станица во Велес.
Од СВР Велес информираат дела сите шест лица се предадени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.
Дума.мк
