Поплавени подрумите на зградата на Македонски Пошти, без електрична енергија дел од централно градско подрачје и околни населени места во велешко
Обилен дожд заврна пред два часа во Велес и предизвика голем доток на вода што се слеваше по улиците „Благој Ѓорев“ и „8 Септември“. Дел од водата влезе во подрумите на зградата на Македонски пошти и ги наполни.
Интервенираа пожарникари на Територијалната противпожарна единица Велес. Тие со пумпи ја испумпаа водата надвор од подрумите. Додека траеше оваа интервенција беше исклучена електричната енергија од трафостаницата во овој дел на ценарот на градот поточно месноста „Карпа маале“ и околината.
Според Центар за управување со кризи утрово од 9:30 до попладне во 15:30 часот поради дефект во напојувањето без електрична енергија беа селата Отовица, Црн Врв, Ветерско, Мамутчево и други во тој дел на општина Велес. Дефектот е отстранет и сега сите населени места имаат електрична енергија.
Убавка Јаневска