Повторно еден ковид пациент хоспитализиран во велешка болница
Објавено на 16 јуни, 2022 во 13:13
Во ЈЗУ Општа болница Велес повторно е хоспитализиран само еден пациент позитивен на корона вирусот. Од велешка болница соопштија дека пациентот се лекува на Инфективно одделение и во моментов е на кислородна поддршка.
На Инфективно одделение, исто така, примени се четворица пациенти коишто се негативни на Ковд-19 и се лекуваат од други инфективни болести.
Во моментов има 41 слободни болнички кревети.
Во изминатите 24 часа примени е еден пациент.
Стефани Манева