Пожар во барака на ЗК „Вардар“ Градско во село Водоврати
Објавено на 7 октомври, 2021 во 16:41
Пожарот избувнал пред час и половина во бараката на земјоделскиот комбинат во село Водоврати кај Велес. Веднаш бил пријавен во Противпожарната територијална бригада во Велес. Едно противпожарно возило со четворица пожарникари успеале да го изгаснат за кратко време по пристигнувањето на лице место.
-Сега пожарникарите работат на целосна ликвидација на пожарот, рече командирот на ТППЕ Љупчо Липидовски.
Штетите што ги предизвика огнот дополнително ќе се утврдуваат.
Убавка Јаневска