Прекин на водовоната мрежа и искинати поштенски кабли во село Тремник, неготинско
Центар за управување со кризи информира дека на единствениот број за итни случаи 112 пристигнала пријава од мештаните од село Тремин од општина Неготино дека од страна на градежна фирма што врши ископ во реон на селото има направено прекин на водоводната мрежа и дека се искинати поштенски кабли.
-Од ЦУК, конкретно, преку Секторот за операции и координација и Регионалниот ЦУК Велес веднаш се известени надлежните во Општина Неготино за пријавениот случај, за прекинот на водоводната мрежа и за искинатите поштенски кабли. Од Општината информирале дека не биле запознаени со оваа состојба, а истовремено информирале дека во село Тремник Министерството за животна средина има проект за реконструкција на водоводната мрежа и резервоарите за вода, соопштуваат од ЦУК.
Единицата на локална самоуправа Неготино посочила дека ќе се преземат мерки коишто се во нивна надлежност за настанатата ситуација, при што веднаш ќе испратат комунални редари и ќе го следат понатамошниот тек на настанот во Тремник.
Дума.мк