Превентивна активност во велешко за заштита на шумите

Објавено на 12 јуни, 2023 во 09:48

Во пресрет на претстојната летна сезона, СВР Велес во соработка со Подружница шумско стопанство „Бабуна“ Велес и заедно со Шумската полиција, вчера, на повеќе локации во велешко спроведоа превентивна активност насловена „Заштита на шумите“.

-Полициските службеници и нивните колеги од шумската полиција во непосреден контакт и разговор со граѓаните во повеќе места во велешко укажуваа дека шумите се нашето богатство кое што сме должни да го чуваме и заштитиме, а секое незаконско сечење на дрва е кривично дело кое има законски последици, па во таа смисла строгото почитување на законите претставува граѓанска обврска, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Граѓаните беа информира и за потребата од внимателност и совесност, но и за благовремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на превенцијата од штетите и последиците од бесправното сечење на шумите.

-Целта на проектот беше да се информираат локалните жители за овој вид на криминалитет и да се подигне свеста на граѓани во насока на поголема одговорност и соработка со надлежните институции во откривањето и спречувањето на бесправната сеча на шуми, додадоа од МВР.

На граѓаните им беа поделени и едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со „Национални шуми“ и Шумска полиција.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.