Приведен кавадарчанец, возел со 2.05 промили алкохол во крвта

Објавено на 22 октомври, 2025 во 14:32

Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода педесет и едно годишниот кавадарчанец С.К, ноќеска во 02:20 часот на улица „Моша Пијаде“.

-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Кавадарчанецот е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.