Приведен кавадарчанец за извршени шест кривични дела „тешка кражба“
Објавено на 4 април, 2024 во 14:46
Четириесет и две годишниот Н.Е од село Орланци, општина Арачиново бил приведен од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека кавадарчанецот се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на ОВР Кавадарци.
– Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест
кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во правни лица, при што одзел повеќе
предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, известува Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против кавадарчанецот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк