Приведен криумчар на мигранти кај железничка станица во Неготино
Кај железничка станица Неготино, вчера, утрото во 08:15 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар Југ го лишиле од слобода триесет и девет годишниот А.Г од Богданци бидејќи во неговото возило биле пронајдени 11 мигранти од Сирија.
-При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници. Имено, претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај с.Тремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу фил фатен и лишен од слобода, пишува во соопштението на МВР.
А.Г. бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева