Приведен уште еден велешанец кај кого била пронајдена дрога

Објавено на 17 ноември, 2023 во 10:50

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Министерство за внатрешни работи, заедно со Одделението за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, го лишеле од слобода четириесет и четири годишниот Г.Ш од Велес.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.