Приведен велешанец кој со остар предмет се заканувал на своите соседи и им оштетил дел од покуќнината
Објавено на 26 јули, 2024 во 14:26
Педесет и седум годишниот Г.Н од Велес бил пријавен од страна на неговите соседи, 88 годишниот Р.Ј и 23 годишната В.С дека им се заканувал во нивните домови со остар предмет и оштетил дел од покуќнината. Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода вчера, во 10:25 ;asot.
-Г.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил спроведен во здравствена установа. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Дума.мк