Приведен велешанец којшто извршил четири кражби од кои една во детска градинка

Објавено на 13 мај, 2022 во 10:46

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, го лишеле од слобода четириесет и две годишниот С.Д од Велес.

– Поради постоење основано сомнение дека ноќта помегу 09 и 10.05.2022 извршил четири кривични дела „Тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Велешанецот бил задржан во Полициска станица во Велес а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.

Од СВР Велес додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.