Приведен велешанец по пријава од партнерката за физичко напаѓање и малтретирање

Објавено: 2 октомври, 2025, во 11:43 часот

Дваесет и седум годишниот А.И од Велес, ноќеска, еден час пред полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес.

Велешанецот бил пријавен во полиција од страна на неговата 33 годишна невенчана сопруга која пријавила дека подолг период физички ја напаѓал и малтретирал.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека велешанецот е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.