Приведена државјанка на Косово со непријавен престој во Велес
Објавено: 20 октомври, 2023, во 12:58 часот
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 18:30 часот, полициски службеници ја привеле триесет годишната Е.К од Косово поради непријавен престој на подрачјето.
-По нејзино барање, таа била пренесена на нервното одделение во Општата болница Велес
каде била задржана, додаваат од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Дума.мк




