Приведени двајца велешани, еден од нив пробал да бега и фрлил пакување со марихуана
Објавено на 12 октомври, 2023 во 11:38
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 13:30 часот, ги лишеле од слобода дваесет и две годишниот В.М од село Раштани и една година повозрасниот Н.Т од Велес.
Како што соопштуваат од СВР Велес, откако биле запрени од полициски службеници, Н.Т. почнал да бега и притоа фрлил пакување со марихуана. Набргу, тој бил фатен, а по пребарување на теренот била пронајдена марихуаната.
Оттаму додаваат дека лицата биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк